(ФОТО) Адријана Лима во мини фустан ја продолжи модната револуција која ја започна Ријана

Модната револуција започна и сега е јасно дека смелиот труднички изглед на Ријана има големо влијание врз модниот свет.
Манекенката Адријана Лима прошета по пистата на ревијата на Александар Ванг во Лос Анџелес, а во таа прилика облече мини фустан кој го открива нејзиниот труднички стомак.
Ако нешто е доказ дека Ријана радикално го променила стилот на бременост, тоа беше ова шоу. Имено, бремената Адријана се појави во краток, црн фустан со длабоко деколте и огромен шлиц кој целосно го разоткри нејзиниот поголем стомак.

Да потсетиме, јавните настапи на Ријана за време на бременоста привлекуваат големо внимание, а таа во таа прилика изјави:
„Уживам да не се грижам за покривање на стомакот. Ако се чувствувам малку буцкаво, не е важно. Тоа е бебе!”, објаснила Ријана во интервју за магазинот People.
Таа додала дека модата и дала голема самодоверба додека се подготвува да стане мајка за прв пат.


View this post on Instagram

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …