Путин и забранил на ќерка си да го слави роденденот – се плашел од еден нејзин потег!

Владимир Путин ја казнил ќерка си и ја спречил да отпатува во странство, каде сакала да го прослави роденденот, јавуваат странските медиуми. Наводно тоа го направил од страв дека Марија Воронцова нема да се врати во Русија.
„Путин одговори со категорично одбивање и ги зајакна мерките за заштита на неговата ќерка Марија. Според нашите информации, најстарата ќерка на претседателот не планирала да се врати во Русија“, пишуваат руските медиуми. Не се наведува дали причината е нејзиниот наводен план за бегство поради руската инвазија на нејзиниот татко во Украина.
Имено, таа сакала да одлета во „пријателска“ земја во Русија. Патувањето го планирала со партнерот Јевгени Нагорни, со кој наводно започнала врска по раскинувањето на бракот со холандскиот бизнисмен Јорит Фасен.
Инаку, Марија е најстарата ќерка на Путин, која ја доби со поранешната сопруга Људмила. Таа е еден од санкционираните руски државјани поради поврзаноста со Путин. Сега не и е дозволено да патува во повеќето западни земји.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …