(ФОТО) Венеција во Холандија: Село во кое нема улици!


Во ова идилично европско село се забранети автомобили, па многумина доаѓаат на еднодневен излет.
Хитхорн е идилично село во холандската провинција Оверизел, кое привлекува туристи со своите живописни пејсажи и шармантна архитектура.
Се гордее со многубројните канали кои се протегаат на околу 90. километри и околу 180. дрвени мостови. Затоа многумина Хиторн го нарекуваат холандска Венеција.
Во селото е забрането возење автомобили, а локалното население – околу 2.800 од нив – и туристите се движат низ Гитхорн пеш или со велосипед.

Најмногу се користат чамците кои важат за единствено превозно средство. Тие се најпрактично решение со оглед на тоа што најголем дел од куќите, музеите и угостителските објекти се наоѓаат веднаш до водата.
Хитхорн е оддалечен 90. километри од Амстердам, па не е чудно што многу туристи доаѓаат овде од главниот град на Холандија на еднодневен излет за да уживаат во водата и прекрасните пејсажи.



Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) НАПРАВЕТЕ КОЛАЧ ОД СОНИШТА: Секој го бара токму овој рецепт

Најкремастиот десерт што се јаде за 15 минути Потребно е: 10 белки 250 г шеќер …