Нутриционист открил пет намирници за кои вели дека се поздрави кога ќе ги купите замрзнати.
Многу намирници сè уште ја задржуваат својата хранлива вредност откако ќе бидат во замрзнувач.
Нутриционистот Ријанон Ламберт рекол: „Замрзнатата храна, како што се овошјето и зеленчукот, рибата и месото, па дури и лебот, збогатен со витамини и минерали, се подеднакво хранливи како и свежите. Замрзнатите производи обично се поевтини од повеќето свежи производи, па затоа се одлична опција ако сакате да заштедите пари“, додала таа.
Таа додала дека изборот на замрзнати производи може да биде и одличен начин за намалување на отпадот од храна бидејќи работите може да се замрзнат и да се јадат подоцна.
Ова е особено важно бидејќи трошоците за живот продолжуваат да растат, а секојдневните производи се соочуваат со зголемување на цените.
Овие пет намирници се всушност поевтини и поздрави за купување замрзнати.
Замрзнат грашок
Многумина од нас веќе имаат ќесичка грашок во замрзнувачот. Оваа намирница е многу поевтина за купување замрзната од свежата и е лесен додаток на секој оброк.
Исто така, содржи доволно количество влакна, антиоксиданси и витамини, како и минерали кои се здрави за срцето, како што се магнезиум, калиум и калциум.
Замрзнат сецкан лук
Љубителите на лук ќе знаат дека лупењето и сечкањето на острите чешниња може да биде голема мака. Така, ако чувате кесичка со замрзнат и сечкан лук во замрзнувач ќе заштедите време и пари.
Главичките нема да го изгубат својот вкус кога ќе се замрзнат, иако може да изгубат дел од својата сила. Така, можете да продолжите да уживате во придобивките од лукот – неговата главна активна состојка, алицин, може да го поддржи вашиот имунолошки систем во борбата против вирусите.
Замрзната брокула
Брокулата е уште еден од оние зеленчуци кој лесно се вградува во вашиот оброк и дава хранлива вредност дури и кога е замрзната.
Јадењето на оваа суперхрана може значително да го подобри здравјето на цревата, според една неодамнешна студија, како и да го поддржи управувањето со тежината, здравјето на мозокот, воспалението и функцијата на имунолошкиот систем.
Замрзната риба
Како што неодамна рече Ријанон, јадењето замрзната риба може да биде многу поприфатливо.
Замрзнувањето нема да ја намали нејзината хранлива вредност – сепак ќе уживате во придобивките од омега-3 масните киселини и витамините Д и Б2 што ги содржи.
Замрзнати бобинки
Бобинки измешани со јогурт се здрав производ за појадок. Меѓутоа, честопати една порција свежо овошје содржи само неколку од нив – купувањето замрзнато значи дека ќе имате повеќе за помалку пари и ќе траат подолго.
Нема ништо полошо од тоа бобинките да ви станат мувлосани по само неколку дена во фрижидер.
Според студијата на Државниот универзитет во Јужна Дакота, замрзнатите боровинки содржат повеќе антиоксиданси, кои можат да помогнат во борбата против болестите, вклучително и ракот. Замрзнатите малини се одличен извор на витамин Ц, кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.
Фото: Архива