Невролог ја открил тајната на добриот сон, неверојатно едноставна работа

Сигурно сте ги испробале сите методи и трикови за да спиете подобро, но безуспешно. Имаме решение за вас. Имено, неврологот ја открил тајната на добриот сон, која е многу едноставна.
Сигурно ја занемарувате температурата на креветот во спалната соба, што е многу важно за квалитетен сон. Неврологот Крис Винтер вели дека одржувањето на студената спална соба прави голема разлика.
Препорачаната температура во спалната соба треба да биде помеѓу 15 и 20 степени.
„Можеби сте забележале дека кога ќе се разбудите, стапалата ви штрчат од под покривката. Вака вашето тело се обидува природно да ја регулира температурата“, рекол тој.
Ако вашата соба е поладна, тоа помага да се одржи температурата на вашето тело пониска бидејќи пониската телесна температура ќе ви овозможи полесно да заспиете.
„За време на РЕМ спиењето, телото престанува да го контролира потењето и треперењето. Затоа, претерано топол простор води до помалку време поминато во РЕМ сон, што може да доведе до заборав и да го отежне станувањето наутро“, додал тој.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …