Прочистете го телото и вратете ја енергијата: Зајакнете го имунитетот со МОЌЕН пијалок

Напиток кој ќе ви го зајакне имунитетот…
За да го одржите вашето тело здраво и да му обезбедите доволно енергија за правилно функционирање секој ден, неопходно е да се ослободите од токсините и штетните материи кои се акумулираат.
Најдобар начин да го направите ова е да додадете намирници кои овој проблем го решаваат на природен начин. Ако сакате да го исчистите вашето тело на вистински начин и да се ослободите од сите токсини, а притоа да си обезбедите дополнителна енергија – овој пијалок е се што ви треба!

This image has an empty alt attribute; its file name is bademi-vo-voda-1.jpg


Состојки:
100 грама бадеми
2 лажици мелен лен
2 лажици фруктоза или мед
2 лажици мелен сусам
1 лажица вишни или друго сечкано овошје по желба
половина лажичка мелен коријандер
половина банана
1 јаболко
Секако, можете да направите различни комбинации од овој пијалок бидејќи го правите повеќе „по ваш вкус“. Наместо бадеми, можете да ставите и лешници, ореви или семки од кајсии.
Ако сакате да направите комплетен оброк од овој моќен напиток – доволно е да додадете повеќе свежо овошје – на пример банани или јагоди, а за да од него сакате да направите освежителен летен пијалок – доволно е да го изладите или додадете неколку коцки мраз.

This image has an empty alt attribute; its file name is surutka-cudo-od-napitok.jpg


Подготовка:
Бадемите треба да ги оставите во сад со вода преку ноќ за да омекнат. После тоа, ставете ги во блендер, додадете околу 2 дл вода и оставете го блендерот да го направи своето. По само една минута ќе добиете бадемово млеко кое можете да го исцедите, доколку не ви се допаѓа текстурата на оваа течност, но подобро е да ја оставите така – бидејќи токму така се обезбедуваат сите хранливи материи од бадемите.
Во бадемовото млеко додадете 2 лажици мелен лен, 2 лажици мед (или фруктоза), 2 лажици мелен сусам и една лажица вишни или некое друго овошје што го сакате, половина лажичка мелен коријандер, половина банана и едно јаболко.
Со блендер од оваа смеса направете хомоген напиток кој ја враќа енергијата и на најдобар можен начин го чисти организмот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …