Одбележан Денот на мултипла склероза – Градот Скопје со поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста

По повод одбележувањето на Денот на мултипла склероза, параплегија и дистрофија, денеска во Скопје во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, се одржа јавен настан под мотото „МС Поврзувања” за подигање на свеста за потребите и правата на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија. На настанот учествуваше Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is Одбележан-Денот-на-мултипла-склероза-6.jpg


– Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од нашите приоритети. Во контекст на денешното одбележување на Денот на мултиплекс склероза, параплегија и дистрофија, нашите заложби се за обезбедување подобра интеграција, подобрени јавни услуги за овие лица и нивно поврзување во заедницата преку отстранување на социјалните бариери – истакна Арсовска.

This image has an empty alt attribute; its file name is Одбележан-Денот-на-мултипла-склероза-3.jpg


На почетокот на настанот пред Порта Македонија, организаторите од Мобилност се обратија пред присутните и ги наведоа заложбите и активности за подобрување на правата, како и подобрување на квалитетот на живот на лицата со мултипла склероза, параплегија и дистрофија.

This image has an empty alt attribute; its file name is Одбележан-Денот-на-мултипла-склероза-2.jpg


Во рамките на одбележувањето се одржа и марш-дефиле по булеварот „11 Октомври” од пред Собранието до ДХО „Даре Џамбаз, каде што учесниците продолжија со интерактивно дружење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …