Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Дебар, Македонска Каменица и Кратово


Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ продолжува да ја шири својата мисија за подобрување на филмската култура низ повеќе градови во нашата земја. Денес и утре фестивалот „Џифони патува“ ќе се одржува во Центарот за култура во Дебар и на него ќе учествуваат учениците од дебарската гимназија, а на 2 и 3 јуни караванот „Џифони патува“ ќе се пресели во Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица. Следната недела на 9 и 10 јуни фестивалот ќе продолжи во Домот на културата „Лазар Софијанов” во Кратово.

This image has an empty alt attribute; its file name is giffoni2.jpg
Под името „Џифони патува“ овој подвижен фестивал во изминатите години се одржа во 19 општини, а за оваа година се планирани 5 општини.


This image has an empty alt attribute; its file name is giffoni1.jpg
Филмската програма е намената за учениците од основни и средните училишта и предвидува дводневни активности со прикажување на европски филмови наменети за младата публика, кои опфаќаат теми што ја засегаат младата генерација. По филмските проекции ќе бидат проследени со дискусии, а потоа на една од трите понудени креативни работилници, младите ќе ја поттикнуваат својата креативнот и ќе се забавуваат.
Проектот „Џифони патува“ (Giffoni on Tour) е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ, Делегацијата на ЕУ во Скопје и општините Дебар, Македонска Каменица и Кратово, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Weekend.18: Полнолетното издание на најголемиот регионален фестивал ќе ги надмине сите очекувања

Weekend Media Festival, главното место на средби за медиумската, комуникациската и бизнис-сцената на регионот, оваа …