ПОВИК ЗА КАСТИНГ за млади девојчиња за новиот филм на Леон Ристов

Младиот Леон Ристов и е добро познат на јавноста во Македонија, како актер но и режисер…
Toj e студент на Колеџот за филмски студии при Wesleyan University (Веслијан) во Конектикат, САД, 6-то рангиран на листата најдобри филмски факултети во САД од Hollywood Reporter.
Неговата филмографија е богата. Уште поважно квалитетна! Тој е режисер и сценарист на два краткометражни играни филмови, актер во повеќе филмски и театарски проекти, меѓу кои ја играше главната улога (ликот на Милан) во долгометражниот игран филм „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Митевска, филм кој светската премиера ја имаше на „Берлин филм фестивал“. Потоа го снимаше (директор на фотографија) краткометражниот игран филм „Fishbowl“ по сценарио и режија на Ени Нинг, филм кој беше прогласен за најдобар на филмскиот оддел на Универзитетот Веслијан.
„Ќе му се јавам на татко ти“, неговиот втор краткометражен филм, во продукција на Џолев и уметностите, со финансиска поддршка од Wesleyan Summer Grants.

This image has an empty alt attribute; its file name is povik-za-kasting.jpg
Сите што имате или познавате девојчиња со желба да глумат имате можност да ги пријавите
„ПОВИК ЗА КАСТИНГ 🗣️
Бараме девојче на возраст од 8 до 12 години за улога во мојот нов краток филм ЧЕТВРТОК.
Ве молиме испратете ни фотографија и кратко видео со претставување на lostgoat.casting@gmail.com
Инструкции за видео претставување:
1. Име и презиме
2. Возраст
3. „Најмногу сакам…“
4. „Најмногу ме нервира…“
При испраќање на материјалите, Ве молиме оставете телефонски број и напоменете доколку вашето дете има претходни искуства со глума (клубови, претстави и слично).
Нема потреба од многу вежбање или спремање – бараме природни претставувања 😊
Повикот е отворен до 30ти мај, 2023.
Се читаме!“, напиша младиот актер и режисер на неговиот профил на Фејсбук.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …