Понеделник донесува подобрување на времето

Првиот априлски понеделник ќе помине во услови на суво време. Умерена облачност ќе има претпладне во западниот регион, додека претежно мала покриеност со облаци ќе има во источниот крај.
Попладне обланоста значајно ќе се намалува.
Ќе дува умерен северозападен ветер во источната половина од земјава, додека западниот регион го очекува слаб западен ветер.
Наутро минималната температура низ котлините ќе има позитивна вредност помеѓу 2 и 5, а во повисоките населени места околу -1.
Низ котлините од северниот и западниот регион максималаната температура ќе има вредност помеѓу 12 и 15, во северниот тек на Вардар околу 17, додека во гевгелиско – дојранскиот крај околу 20. На повисоките населени места температурата ќе има вредност околу 10.
Скопската котлина очекува умерена облачност рано наутро и претежно ведро време во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен северозпаден ветер. Температурата наутро ќе се спушти до 3, а преку ден ќе достигне максимални 17 најавуваат од  meteopro.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …