ПОДАТОЦИ НА ЈАПОНСКИ СУПЕРКОМПЈУТЕР – Ова е најголемиот виновник за скок на бројот на заболени од корона вирус? Уште еден потсетник за тоа колку е важна проветрувањето

Јапонскиот суперкомпјутер покажал што има најголемо влијание врз ширењето на честичките на вирусот, а токму тоа е она на што сме најмногу изложени во текот на грејната сезона.
Имено, клучот е влажноста на воздухот, со најголем ризик да биде сув, затворен простор во зимските месеци.
Опасна е влажноста под 30 проценти
Научниците го користеа суперкомпјутерот Фугаку за да направат модели на ширење и патека на честички слични на вируси од заразени лица во различни услови.
Влажноста под 30% резултирала со двојно поголема количина на честички во воздухот наспроти количината во просторијата со влажност од 60% и повеќе. Студијата исто така покажала дека визирите не се толку ефикасни како маските за спречување на ширење на вирусот преку аеросол.
Научниците откриле и дека ризикот од инфекција во ресторан е поголем ако седите покрај заразено лице, а не отспротива.
Вирусот може да остане во воздухот со часови
Се’ поголем број експерти со сигурност тврдат дека вирусот корона може да се шири низ воздухот. Центрите за контрола и превенција на болести ги ревидираа упатствата овој месец, посочувајќи дека патогените микроорганизми можат да останат во воздухот со часови.
Суперкомпјутерот Фугаку претходно се користеше за откривање детали за ширењето на инфекцијата во возовите, канцелариите и училишните училници. Во тоа време се покажа дека отворените прозорци во јавниот превоз ја зголемуваат вентилацијата два до три пати, што значително ја намалува концентрацијата на штетни микроби.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …