Починал Видое Ристовиќ (44), сопруг на, познатата водителка, Николина Ристовиќ

Синоќа по полноќ починал Видое Ристовиќ, српски историчар на уметност и сопруг на популарната хрватска водителка Николина Ристовиќ.
Николина ја потврдила веста за српскиот портал Nova.rs.  Според споменатиот портал, Брзата помош синоќа интервенирала во нивниот дом и констатирала смрт.
Видое Ристовиќ е роден на 25. јули 1978. година во Белград. Тој беше српски претприемач и колекционер на уметнички дела. Со Николина Ристовиќ е во брак од 2013. година. Тие ја имаат ќерката Уна Софија. Ристовиќ од првиот брак ја има и ќерката Матеа.
Ристовиќ со собирање се занимавал од раната младост, а неговото семејство е најбогатото колекционерско семејство во Србија. Како страстен колекционер и познавач на уметноста, Ристовиќ за време на својот живот собрал парчиња вредни милиони.


Неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат по прекарот Миша Гроф, со децении се занимава со трговија со уметност и антиквитети.
Видоје и Николина првпат се сретнале во Дубровник, па во Црна Гора, а во Белград сфатиле дека има некаква „хемија“ меѓу нив. Врската ја открија во септември 2012 година, кога папараците ги „уловиле“ на еден белградски сплав, а една година подоцна се венчале во Монте Карло.

View this post on Instagram

A post shared by vidojeristovic (@vidojeristovic)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …