(ВИДЕО+ФОТО) Андреа со сонцето на Македонија плени во Торино

Андреа, како Македонка со своето сонце во себе одлично се снајде на пробите, а нејзината работа ја уважија и едни од најпопуларните евровизиски медиуми Wiwibloggs кои истакнаа дека нема потреба од корекции на сценскиот настап на Андреа.
Официјалниот канал на Евровизија пак на своите мрежи пробата на Андреа ја опиша како импресивна.
„Облечена целосно во црно и поддржана од ништо друго освен пулсирачка графика и драматично светло. Првата проба на Андреа беше многу импресивна “ – стои во објавата на официјалните социјални медиуми на Евровизија.

Нашата претставничка Андреа пак со воодушевување зборуваше за своите настапи на сцената.
„Се надевав на добри проби, но ова е уште подобро. Сцената е огромна и пресреќна сум. Бескрајно сум благодарна за ова искуство“ – изјави таа на официјалната прес-конференција по пробата.


„Едвај чекам да дојде 12-ти мај и да ви покажеме што имаме сработено. Ова е најпрекрасното искуство што го имам доживеано“ – со ентузијазам дополни Андреа.

Втората проба Андреа ја имаше на 6-ти мај и тоа со целосна костимографија и шминка.


Фото: eurovision.tv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …