Починал Маринко Роквиќ

СРПСКИОТ пејач Маринко Роквиќ починал денеска во Белград на 68-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.
За потсетување, деновиве во јавноста се појавија информации дека Маринко е хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е критична.
Неговиот син Никола Роквиќ неодамна изјави дека неговиот татко е во лоша здравствена состојба.
„Не знам што да ви кажам искрено. Сте се слушнале со него, на човекот не му е добро, не ми е пријатно. Не е сега короната, тој го прележа тоа. Ќе биде добро“, рекол Никола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …