Познатата бразилска пејачка Марилија Мендонка, во петокот, загинала во авионска несреќа.
Мендонка (26), мајка на едногодишен син, во моментот на несреќата патувала на концерт. Авионот се урнал во рурална област во државата Минас Жераис. Во несреќата покрај пејачката загинале уште четири лица.
Се уште не е позната причината за несреќата. Во тек е истрага, пишува CNN.
Авионот удрил во електричен столб?
Енергетската компанија Minas Gerais (CEMIG) наведува дека авионот во кој се наоѓала Мендонка удрил во кабел на електричен столб во сопственост на таа компанија.
Шефот на полицијата во Minas Gerais, Иван Лопес Салес, на прес-конференција изјавил дека се уште е рано да се утврди причината за несреќата, но дека остатоците укажуваат на тоа дека авионот „удрил во нешто пред да се урне“.
Мендонка се стекнала со слава во бразилскиот кантри стил „Сертанехо“ и имала повеќе од 38. милиони следбеници на Инстаграм.
Роналдо Кајадо, гувернерот на државата Гојас од која потекнува пејачката, рекол дека погребот ќе се одржи во сабота околу 8. часот наутро во арената Гојанија, главниот град на државата. Тој на Твитер напишал дека очекува до 100.000 ужалени посетители на погребот.
Фото: Instagram