Овие хороскопски знаци САКААТ САМО ЕДНАШ во животот

Риби
Како и Раковите, овој воден знак е чувствителен, емотивен и осетлив (често претерано емотивен и пречувствителен) – штом ќе најдат личност што можат да ја сакаат, Рибите сакаат да го поминат животот со нив. Ќе го сака и прифаќа партнерот со сите негови слабости и разлики, ќе простува и ќе истрае. Во нивната глава љубовта е многу романтична и Рибите често ги идеализираат партнерите, па нивните очигледни маани не им пречат толку многу. Но, ако згрешат во изборот и ако нивната сакана личност ги остави – уште полошо, ако се венчаат, а тоа испадне неуспешно и заврши со развод – Рибите тагуваат и не можат да се помират со тоа. За нив тоа е најголемиот пораз во животот, од кого не се опоравуваат. Новите врски ќе бидат површни и нема да ги ангажираат до крај (Рибите не сакаат да бидат сами) и колку и да успеат да се заљубат во некој нов, тагата од губење на претходната љубов ќе биде посилна од новата љубов.

Бик
Меѓу најверните и најупорните во љубовта се и Биковите – единствен земјан знак, меѓу водените чувствителни луѓе. Но со нив владее Венера и љубовта ја сфаќаат многу сериозно – таа им е најважниот дел од животот и им треба трајна врска, брак и семејство, за да имаат личен мир. Биковите не се заљубуваат на прв поглед и не брзаат во врска, но колку и да си дадете време и колку и да сте сигурни во својот избор на крајот, животот знае да приреди непријатни изненадувања – разделби и разводите се единствената здрава опција и Биковите ја прифаќаат. Им требаат години да ги поминат сами, да најдат стабилност во својата независност и за тоа време веројатно нема да ризикуваат да влезат во некоја површна врска, само за да ги задоволат своите сензуални апетити – колку и да изгледаат приземни. Бикот е всушност темелен и ги презира површните и потрошни работи, односи и вредности. Треба да се сфатат сериозно, не се плашат од приврзаност, одговорност, блискост и заедништво.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …