Овие хороскопски знаци САКААТ САМО ЕДНАШ во животот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Некои припадници на хороскопот немаат проблем со заљубувањето – тоа им е како дишењето. Кога завршува една врска, започнува друга, а претходниот партнер паѓа во заборав. Од друга страна, одредени хороскопски знаци не се во можност да се заљубат повеќе од еднаш во животот. Штом тоа ќе се случи, тие засекогаш имаат чувства кон личноста која првично им го „украла срцето“.
Длабочината и обемот на капацитетот за љубов, за некои луѓе е колку подарок, толку и проклетство – ако не останат со со оној што ќе го засакаат, тешко дека ќе можат повторно да ја најдат љубовта подоцна (дури и години подоцна). Ако сте родени во еден од овие три знаци (или ги имате во подзнак), веројатно сте цврсто и трајно врзани во љубовта, а ако сте принудени да раскинете, се чувствувате како да губите дел од себе и не можете долго време да се излекувате – дури и ако свесно излегувате од врска која е токсична за вас. Помислата да смените партнери, да се сретнете и да се зближите со друга личност (повторно), само ве ужаснува, го мразите тоа. Повеќе сакате да останете во врска, ако не е неподнослива, отколку да барате друг партнер. Да се ​​сака само еднаш не е мит, туку честа појава кај Раковите, Рибите и Биковите.

Рак
Раковите важат за најверните партнери на Зодијакот, тие се многу чувствителни и се врзуваат трајно и длабоко, па ќе направат се за да ја одржат врската во која се наоѓаат. Не им недостига искуство во однос на менување партнери, спремни се да искусат, споделуваат и поделат со една личност и најсреќни се ако останат со нивната училишна љубов – ако растат и созреат заедно и продолжат да градат во иста насока, негување заеднички вредности и стремеж кон заеднички цели. Откако ќе се заљубат во некого, Раковите секогаш ги сакаат, дури и кога со години немаат контакт со личноста што некогаш ја сакале. Многу тешко го преболуваат тоа и продолжуваат понатаму и можат да бидат сами со години, не успевајќи да најдат нова љубов, иако свесно работат на тоа, бараат и сакаат да припаѓаат на некого. И тогаш, ако доживее нова љубов, нема да ја згасне старата, само ќе ја турне во минатото, кое секогаш живо ќе го памети.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …