ОФИЦИЈАЛНО: Ова е најбараниот рецепт за време на карантинот – во цел свет, а башка е и здраво!

Лебот од банани станал заштитен симбол на карантинот. Google Trends открива дека интересот за лебот од банани пораснал за 733. отсто од февруари, што доволно говори колку овој скромен колач станал популарен.
Лебот од банани всушност бил многу добар избор за идните мајки поради високото ниво на витасминот Б12.
Бананата го содржи овој есенцијален нутриент кој игра клучна улога во активацијата на фолатот во телото. Фолатот е важен за одржување и обновување на крвните жили, а посебно е важен во периодот на раст во кој спаѓа и бременоста.
Затоа, трудници, земете зрели банани и подгответе го овој едноставен колач и совладајте ја желбата за слатко на здрав начин.
Состојки:
250 г брашно
80 г шеќер во прав
1 лажичка прашок за печиво
5 г сода бикарбона
80 г путер
две банани
2 јајца
Подготовка: рерната загрејте ја на 200. степени Калапот за печење обложете го со хартија за печење.
Во поголем сад ставете брашно, шеќер, печиво, сода бикарбона, измешајте. Додајте путер исечен на ливчиња и со прстите изработете ја смесата да добиете трошки.
Излупете и испасирајте ги, со вилушка, бананите. Во помал сад изматете ги јајцата. Во средина на смесата во големиот сад направете „дупка“ и додајте ги бананите и јајцата. Убаво измешајте да добиете еднолична смеса.
Добиената смеса истурете ја во калапот и печете 50. минути или додека не поцрвени. Со чепкалка проверете дали лебот е испечен.
Сервирајте и уживајте.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 16.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: На Овенот им претстои уште еден многу успешен и активен ден, без разлика …