МАЛКУ ПОИНАКУ- Мусака од леб и печурки

Состојки:
500 г свежи шампињони
11 кришки леб
3 јајца
1 главичка кромид
магдонос
200 мл кисела павлака
3 чена лук
1 кесичка зачини за ќофте
200 г кашкавал
200 г чадена сланина
500 мл млеко
масло, сол, црн пипер
Подготовка: главичката кромид исчистете ја и ситно исечкајте, пржете во тиган на загреано масло, па додајте ги сечканиот лук и сланината исечена на коцки.
Кога сланината ќе се испржи додајте ги печурките исечени на ливчиња, насолете, наросете со црн пипер, ситно сечкан магдонос и динстајте додека не испари течноста.
Во млекото во подлабок сад натопете ги кришките леб па половина наредете на намрсена огноотпорна тава. Нанесете го филот, кашкавал исечен на тенки ливчиња, потоа уште еден ред од натопениот леб кој ќе го наредете скалесто.
Во останатото млеко додајте ја мешавината за ќофтиња, потоа киселата павлака и мешајте додека смесата не се соедини, додајте јајца и изматете. Смесата истурете ја преку мусаката и печете 45. минути во рерна загреана на 200. степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …