Наставниците и другиот персонал во едно нижо средно училиште во префектурата Фукушима, привремено затворено поради епидемијата, биле изненадени кога виделе дека спортското игралиште е покриено со розови цвеќиња.
Спортското игралиште, кое под нормални околности го исполнуваат учениците, е покриено со цвеќиња кои пораснале во отсуство на луѓе, а директорот на ова училиште тврди дека никогаш досега не видел вакво нешто да се случи.
„Силата на природата е неверојатна“, рекол тој.
Цвеќето ќе бидат исечено заедно со плевелот, пред да се отвори училиштето.
Тоа треба да се случи на 20 мај, до кога одлуката на владата за привремено затворање на училиштата е на сила.
Моќта на природата е неверојатна: На спортскиот терен на затворено школо израснало цвеќе
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.
ekran платформа за слободоумни