Од среќно детство до самоубиствен напад – Што одговорил Филан Митрев пред судијата во Франкфурт за процесот во кој е обвинет за подготовка на напад против државата

„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“
Пред судот во Франкфурт на почетокот на септември започна процесот против Филан М. обвинет за подготовка на напад против државата, кршење на законот за воено оружје и телесни повреди. Филан планирал самоубиствен напад, објави dw.com.
„Бев наивен“, беше една од ретките реченици кои Филан М. ја изусти пред судијата во Франкфурт каде е обвинет за серија сериозни кривични дела. Првото рочиште во случајот во кој е обвинет 25-годишниот Германец со македонско потекло во детали го следеше новинарот на весникот Франкфурте Рундшау.
Во ноември 2019. година, Филан М. бил уапсен од германската полиција заедно со уште двајца осомничени на 21. и 22. години од турско потекло, под сомнение за подготување на терористички напад.
Притоа ова не е првпат Филан М. да се соочува со германскиот правосуден систем. Во 2016 година беше осуден и одлежал 2,5 годишна затворска казна поради изнуда и физички напади.


View this post on Instagram

Family


A post shared by Germany | 19 | (@filan.mitrev) on


Новинарот на Франкфуртер Рундшау наведува дека Филан М. всушност потекнува од богато семејство. Неговиот татко е сопственик на клиника, мајка му е медицинска сестра, и нему во детството ништо не му недостасувало. Но, уште на 13-годишна возраст почнал да пуши марихуана и тука започнале проблемите. Откако бил исфрлен од две гимназии, избегал и од двата интернати во кои го испратиле. Во обид да го спаси синот, неговиот татко му ја финансирал и желбата „да учи кунг-фу во Кина“, но и тој сон се распаднал по шест месеци. По враќањето успеал да заврши средно училиште, но повторно се нашол во проблеми, па мајка му го исфрлила од домот.
„Имав среќно детство. Никогаш не ме удриле. Сакав само да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот. И дека тој пат е добар“, изјавил Филан М. на претходното судење за изнуда и насилство.
Текстот во целост на: dw.com.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …