НОВИ ГИНИСОВИ РЕКОРДЕРИ – Семејство со 12. браќа и сестри – сите заедно имаат 1042. години

Семејството Д’Круз со 12 браќа и сестри го собори Гинисовиот рекорд, како семејство со највисока вкупна возраст. Најстариот член на семејството имал 97. години, а најмладиот 75. години. Членовите на семејството заедно имаат 1042. години и 315. дена, а нивниот рекорд е потврден на 15 декември, се вели во соопштението од Гинис.

Нивните имиња и датуми на раѓање се следниве: Дорин (3 септември 1923), Патрик (30 септември 1925), Жeеневив (4 јули 1927), Џојс (2 март 1929), Рони (24 август 1930), Берил (26.08.1932), Џо (1.06.1934), Франческа (17.09.1936), Алтеа (27.07.1938), Тереза ​​(9.06.1940), Розмари (30 март 1943 година) и Евгенија (24 октомври 1945 година).


Сите браќа и сестри се потомци на исти родители од Пакистан и сега живеат низ целиот свет, вклучително и Канада, Лондон, Швајцарија и САД.
Иако не живеат на исто место, Д’Круз велат дека инаку се многу блиски и дека освојувањето на титулата носител на Гинисов рекорд е едно од главните достигнувања во нивните животи, се вели во соопштението, пишува Си-Ен-Ен.

Извор и фото: CNN.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …