ОПАСНА НАВИКА – Предупредување на докторите: УШте ли не сте престанале да пушите во ера на Ковид – 19?

Најдобар начин за спречување на респираторни заболувања е да се откажете од пушењето, а лекарите предупредуваат дека пушачите се почувствителни на Ковид и дефинитивно треба да престанат да пушат.
Не е новост дека тутунот е штетен за здравјето. Кампањите за јавно здравје детално не информираа, објаснувајќи дека без оглед на тоа како се консумира, тутунот не содржи никакви безбедни супстанции, пишува IndianExpress.
„Овие супстанции не само што влијаат на белите дробови, туку имаат штетно влијание врз целото тело и придонесуваат за намалување на бројот на години што ќе ги живеете“, вели д-р Сибашиш Деј.
Некои долгорочни последици од пушењето се развиваат со текот на годините, а некои физички ефекти се развиваат за многу кратко време. Овие вклучуваат вознемиреност и раздразливост, вкочането чувство за мирис, губење на апетит и други ефекти.


„American Lung Association наведува дека чадот од цигарите ослободува повеќе од 7.000 хемиски соединенија, од кои многу се токсични, а повеќе од 70. се канцерогени. Пушењето ги уништува алвеолите на белите дробови и го отежнува дишењето, што доведува до респираторни заболувања како што е ХОББ, или хронично опструктивно белодробно заболување“, вели д-р Деј.
За астматичарите, дури и пасивното пушење е можна причина за влошување на состојбата. Доказите покажуваат дека пушењето е водечка причина за ХОББ и предизвикува повеќе од 10. милиони смртни случаи на глобално ниво како резултат на конзумирањето.


Иако за ХОББ не се зборува толку често, се проценува дека е причина за една третина од смртните случаи во светот, според извештајот на ГОЛД (Global Initiative for Chronic Obstructive Lung Disease – Глобална иницијатива за хронична опструктивна болест на белите дробови), меѓународно тело посветено на борбата против болеста.

Како да се избегнат респираторни заболувања?
Основен и главен начин да се избегнат респираторни проблеми е да се откажете од пушењето.
„Пандемијата е можност пушачите да ги препознаат сериозните ризици поврзани со оваа навика, како што е ХОББ, но и ранливоста кога станува збор за Ковид. Треба да размислите да престанете“, заклучува д-р Деј.


Фото: Илустрации/архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …