НАУЧНО ЧУДО – Против Ковид пристигнува таблетка: „Најверојатно ќе ја користиме со други лекови!“

Лекот може да се користи кај вакцинирани и невакцинирани лица, како и кај сите оние кои ќе се заразат со КОВИД во иднина. Имено, лекот делува на вирусот кој веќе е во клетките, објаснува хрватскиот научник Ѓикиќ…
Фајзер првата фаза од клиничките испитувања ќе ја заврши до крајот на мај и тие веруваат дека до есен ќе ги имаат првите антивирусни лекови против COVID. Лекот досега беше именуван како PF-07321332 и во лабораториски услови се покажал како одличен во спречување на ширењето на вирусот Сарс-Ков-2, и тие веруваат дека тестирањето на луѓе во САД и Белгија ќе биде подеднакво успешно до крајот на годината, пренесува Daily Mail.
Тоа е лек што може да ја види светлината на денот благодарение на тимови на научници како проф. Д-р Иван Ѓикиќ од Гете институтот во Франкфурт кои се обидуваа да ги пронајдат слабите точки на вирусот.


Така го победивме ХИВ
„Нивниот лек се базира на насочено дејство врз ензимите на вирусот, односно протеазите. Лекот спречува размножување на вирусот и е комплементарен со вакцините. Ова значи дека можеме да го користиме кај вакцинирани и невакцинирани лица, како и кај секој што ќе биде заразен со КОВИД во иднина. Имено, вакцината делува против влегување на вирусот во клетките, а лекот делува на вирусот кој веќе е во клетките“, објаснува професор Ѓикиќ кој истакнал дека лекот веројатно не е комплетно ефикасен сам по себе, но во комбинација со други лекови, научниците со текот на времето ќе развијат нови пристапи што ќе го направат поефикасен.
„Веројатно ќе го користиме во комбинација со лек против друг ензим наречен репликаза. Можеме да го споредиме со ХИВ затоа што го победивме на ист начин. Потребни беа, сепак, 30. години да се најде коктел од два лека и нивната комбинација да ја отстрани опасноста од развој на СИДА“, рекол Ѓикиќ.


Фајзер објавил дека лекот може да спречи развој на потешки форми на болест кај вакцинирани лица или како втора линија на одбрана во случај на појава на нови видови. Засега, единствениот ефикасен начин да се заштитиме од болеста е вакцинацијата, но во „Фајзер“, 60 здрави субјекти започнале клинички испитувања на антиковид таблети, бидејќи испитувањата врз животни беа успешни.
Ако резултатите останат ветувачки, тоа ќе се пресели во нови фази на тестирање на поголем примерок од испитаници, па дури и британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела објави дека владата покренува специјални единици за откривање лекови што ќе го направат КОВИД до есен да биде болест која ќе се лекува дома со неколку таблети.
На почетокот на пандемијата, лекарите во болниците користеле ремдесивир, лек против ебола, но се покажало дека нема ефект во лекувањето на симптомите на КОВИД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Сите сме птици“ во режија на Слободан Унковски вечерва на репертоарот на МНТ

Вечерва со почеток во 20:00 часот, на големата сцена во Македонскиот Народен Театар во Скопје, …