Предавање на уметницата и дизајнерка Надја Розева за уметноста на медалите


Денес со почеток во 11:00 часот во Свечениот амфитеатар на Европскиот универзитет предавање ќе одржи уметницата и дизајнерка Надја Розева.

Надја Розева работи во областа на медалната скулптура, дизајнот на накит и продукцискиот дизајн. Неодамна во Националната галерија, во објектот Чифте Амам ја имаше својата самостојна изложба под наслов „МЕДАЛНА СКУЛПТУРА“. Таа ќе има своја презентација за жанрот на уметничкиот медал.


Розева е студентка на проф. Богомил Николов, кој е добитник на светската награда „Салтус“ и основач на студиото за медална скулптура на Националната академија за уметности во Софија, Р. Бугарија. Таа има повеќе од 20 години искуство во полето на медалната скулптура. Била ангажирана за дизајн на медалот за одбележување на 30-тата бугарска експедиција на Антарктикот; за Гран при статуетката за Филмскиот фестивал „Златна ружа“; за идентитетските значки за Бизнис форумот за жени на Форбс магазинот во Бугарија 2022 и 2023 година; за идентитетскиот брош за Фондацијата за борба против домашното насилство EMPROVE, и други.

Завршила студии по маркетинг на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси, САД, а магистрирала на одделот „Медал“ на Националната академија за уметности во Софија. Розева има неколку специјализации за Издаваштво на Универзитетот во Њујорк – New York University; Културна дипломатија (International Institute for Cultural Diplomacy), Берлин; како и Културен менаџмент на Виена Унивезитат – Wien Universitat.


Делата на Надја Розева се откупени за постојаните збирки на Британскиот музеј во Лондон, Кралскиот кабинет за монети, Стокхолм, Шведска, музејот Берген на Универзитетот во Берген, Норвешка, Националната уметничка галерија, Софија, Бугарија, Музејот на монети и Медали во Кремница, Словачка, и други.

Членка е на ФИДЕМ, Меѓународната федерација за уметнички медали и почесен член на САМС – Словачката асоцијација за уметнички медали.


По предавањето, гостинката ќе одржи работилница со студентите од Факултетот за арт и дизајн.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„ТОА Е ТАПА, СИЛНА И НЕПРИЈАТНА БОЛКА“: Познатата водителка на хуманата емисија „Работна акција со Тамара“ со години се бори со болест што ја добила поради стрес

Таа десет години ја барала својата вистинска дијагноза… Тамара Грујиќ, водителка на хуманата емисија „Работна …