Рено во своите автомобили ќе вгради ограничувач на брзините: „Ограничувањето на брзината не е лек, но е вредно ако спаси барем еден живот“!

Францускиот концерн се приклучил на трендот започнат од Волво.
И’ додека премиум играчите го ограничуваат максимумот на 250. км на час, шведскиот Волво одлучи да ја намали границата значително пониско. За потсетување, Volvo одлучи да ја ограничи максималната брзина на своите автомобили на 180. км на час, што е помалку од некои спортски џипови, кои обично ги ограничуваат максималните на 210. км на час.


Најновите вести велат дека Рено ќе оди во иста насока и ќе ја ограничи максималната брзина на максимум 180. км на час. Системот се вика „Тренер за безбедност“ и ќе може, во зависност од локалното законодавство и време, да ја ограничи максималната брзина. Ова, наводно, го објавил Лука де Мео на годишното собрание на акционери минатата недела, дознава германски Шпигел. Тој рекол дека брзината е виновна за една третина од смртните случаи во сообраќајот. „Ограничувањето на брзината не е лек, но е вредно ако спаси барем еден живот“, забележал Де Мео.
Сè уште не е познато дали сите брендови во концернот ќе ги применуваат овие системи.
Германската публикација посочува дека во 2002. година е воведено ограничување на брзината од 130. км на час на дел од Autobahn A24, со што бројот на несреќи се преполовил.

Фото: Renault


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …