Најголеми лажговци во Зодијакот: На овие знаци никако не треба да им верувате!

Овие хороскопски знаци едноставно ќе ве излажат, а вие нема ниту да бидете свесни за тоа…

Лав
Лавот сака да биде во центарот на вниманието и не му е туѓо да се служи со лаги за да рефлекторот биде вперен во него. Штом почувствува дека може да ја загуби публиката или таа да се свртува кон некој друг во друштвото, го фаќа паника и почнува да измислува разни приказни за да го задржи фокусот на себе.
Кога во кафуле ќе слушнете лице кое гласно раскажува дека возела југо со брзина од 280 км/час низ некој кањон додека сексуално го опслужувале три силиконски русокоси знајте дека станува збор за Лав.


Близнаци
Близнакот ќе излаже а нема ниту да трепне. Имал причина или не, тоа е едноставно појако од него. Повеќе ниту сами не можат „да испофаќаат“ кому што му кажале, па често се вплеткуваат во сопствената мрежа од лаги и се издаваат.
Иако, додека вие сфатите дека ве излажал, ќе ве преплави бран од оправдувања. Секако, лажни. Исто така, тие се погрешни лица за доверување бидејќи не можат долго да чуваат тајна. Тоа не е затоа што се злонамерни, туку толку многу зборуваат што несакајќи ќе се излајат.


Риби
Рибите ретко кога лажат директно во очи, но имаат склоност да ја кријат вистината, да премолчуваат битни детали и нешто што тие го сметаат за бели лаги, иако всушност се црни како ноќ.
Тие живеат во својот измислен свет на фантазија, така што не им е тешко за трепет на окото да измислат приказна достојна на најдобар бестселер. Толлку добро умеат да им замачкаат очи на слушателите, бидејќи тие не искажуваат чисти лаги, туку такви во нив да има некоја трага за основа на вистината.
Замислете зрно песок и околу него Јадранско море – толку има вистина во нивните фалби. Сепак, добри се како наратори (раскажувачи) и нема ниту да ви пречи шпто ве лажат. Раскажуваат со толку многу детали што неретко и самите поверуваат во вистинитоста на своите лаги.
Така што, технички, тие и’ не лажат…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …