(ВИДЕО) Морничави сцени од болница: На бебе со фластер му ја залепиле устата!

„На бебето, иако има проблеми со белите дробови, цуцлата му е залепена со леплива лента“, напишала жена покрај оваа снимка која е објавена на интернет.
Мајка од Русија ја нападнала болницата поради како што вели „ужасниот начин“ на кој волницата се однесувала со нејзиното бебе старо 12. недели.


„Оние кои имаат слаби нерви не треба да го гледаат ова видео. Тоа е перинатален дел, а бебето е во ладна просторија. На бебето цуцлата му е залепена со леплива лента иако има проблеми со белите дробови“,напишала жената покрај оваа снимка која е објавена на интернет.
Набргу следеле коментари од бесните читатели упатени против болницата.
Но, во болницата кажале дека цуцлата на бебето не му била залепена. Полицијата покренала истрага. Во меѓувреме некои руски медиуми објавиле дека мајката признала дека таа му ја залепила цуцлата на бебето но полицијата тоа сеуште не го потврдила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …