(ФОТО Галерија) Незгоден момент:Брус Вилис после „лудата забава“ не можел да стои на нозе!

Публиката нема често можност да види вакви сцени од холивудската легенда…во поопуштени изданија па неговото лежерно излегување во Лондон, откако „се дружел“ со чашката, покажало досега навидена страна на Брус Вилис…



Почетокот на годината глумецот Брус Вилис го искористил за кус одмор и отпатувал во Велика Британија. Моментално се наоѓа во Лондон каде папараците го следат насекаде.
Така успеале да го уловат во незгоден момент кога си дал „слобода“ и убаво се опуштил во елитен лондонски ресторан. При излегувањето од ресторанот било видливо дека Вилис многу испил и поради пијалокот му требала помош при одењето до автомобилот.


Неговиот персонал му помогнал па така верниот телохранител го придржвал и му дал потпора да не падне. Во проводот 63. годишникот бил без сопругата Ема Хеминг, за која не е познато дали пристигнала со него во Велика Британија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …