МОБ подготви атрактивен концерт за Василица: Диско треска со балетот и познати солисти!


Македонската опера и балет со огромно задоволство ви најавува „Диско треска“ за Василица! Гала концертот по повод празникот „Василица“ насловен „DISCO FEVER“ оваа година ќе и приреди на публиката вистинско и незаборавно уживање со изборот од најдобрите диско хитови од 70′ години во целосно нови симфониски аранжмани!
Хитовите Staying Alive, Night fever, Hot stuff, Upside down, Ain’t nobody, Dancing queen, That’s the way like it, Don’t stop till you get enough и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи во живо со оркестарот и балетот на МОБ, традиционално на 12 и 13 јануари, 2019 година, 20 часот.
Песните на сцената на МОБ ќе ги изведат познатите македонски изведувачи: Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова и Лина Авшар.
Специјален гостин е Кире Ѓоревски.
Диригент: Бисера Чадловска
Режисер: Дејан Прошев

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …