ЉУБОВ НА МАЈКА – Пред нејзината смрт, мајката му оставила на својот син подароци и пораки за следните десет родендени

Италијанката Лаура Лонзи знаела дека ќе умре од рак, а во последните денови решила да покаже како мајчинската љубов може да живее и по смртта.
Оваа 37-годишна учителка во основно училиште сакала да остави силно влијание врз животот на нејзиниот тригодишен син Томас, па избрала подароци за неговите следни десет родендени, пишува „The Times”“.
Лаура, всушност, подготвила десет книги кои ќе го следат нејзиното момче низ неговото детство. Таа снимила и четири десетминутни видеа за својот син, во кои ја објаснува важноста на училиштето, пријателството и љубовта.
„Таа дури ги предвиде и неизбежните сентиментални разочарувања, кажувајќи му на Томас како да се справи со одбивањето, како да се врати и да се врати посилен од порано… Го замоли да учи напорно за можеби еден ден да стане лекар и да ги спаси другите мајки како неа кои не успеаја да ја надминат болеста“, изјавил за „Corriere della Sera“ сопругот на Лаура, Алберто Салерно (37).
На оваа храбра Италијанка во септември минатата година и бил дијагностициран рак. Неколку месеци пред тоа имала плускавци на кожата кои дерматологот ги третирал со кортизон.
Но, тогаш лицето почнало да и отекува и лекарот и препишал тестови на урина. Таа починала од рак на надбубрежната жлезда на 28. јуни, пишува „Јутарњи“.
Лаура и Алберто се запознале во летувалиште пред осум години, а се венчале на 7. јуни годинава, кога на сите им било јасно дека шансите за преживување и се многу мали.
„Синот ѝ носеше цвеќе секој ден за да ѝ помогне да оздрави. Му кажав дека мајка му сега е ѕвезда на небото, а тој ме праша зошто ги има толку многу. Му кажав дека тие се мајки на другите деца. Тој вели дека ја препознал Лаура бидејќи таа е најсветлата ѕвезда“, изјавил Алберто Салерно.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Собор на сите македонски Светители

Собор на сите македонски Светители Првата недела од месец октомври си спомнуваме за сите македонски …