Корбен има 16 години и живее во Норфолк, Англија. Со модното издание во кое ја прослави матурата воодушеви многумина на социјалните мрежи.
„Кога имаше 12 години, син ми ми кажа дека би сакал да оди на матура во здолниште. Четири години подоцна го остваривме тоа. Неописливо сум горда на него бидејќи остана верен на себе, а доби неверојатно добри реакции од целото училиште“, напишала неговата мајка Нина Грин.
At age 12 my son announced he wanted to go to his school #prom in a gown. Four years later we made it happen. I’m so incredibly #proud of him for being true to himself & the reception he got from his whole school was incredible. What do you think @michellevisage @theebillyporter pic.twitter.com/lsLKnmY9k5
— Nina Green (@thisisneenz) July 1, 2022
“Ооооо, да! Ти си одлична, прекрасна мајка, а твоето дете е ѕвезда”, ѝ одговорила на оваа мајка Мишел Грин, член на жирито на популарното американско реално шоу, а потоа коментарите продолжиле: “Неговиот лицето кажува сè, а здолништето е одлично”, „Тој изгледа одлично, здолништето е одлично и ми се допаѓа неговата круна. Се надевам дека имаше одлична матура”, „Ти си најубав кога си свој” .
Фото: Принтскрин/Twitter