Културно Информативниот Центар распиша конкурси за литературна и за музичка дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, објави конкурси за литературна и музичка дејност. Подолу погледнете ги двата конкурси.

  • Конкурс за литературна дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2024 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2024 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.


Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.


  • Конкурс за музичка дејност

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од различни музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2024 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от muzicka@kic.mk, а конкурсот трае до 23 февруари 2024 година.


Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …