„НЕОБИЧЕН ДЕН“ – Спектакуларна театарска претстава на 5+ Фамилија во МНТ

На 17 февруари 2024 година (сабота), во 17:30 и 19:30 часот во МНТ, ќе може да уживате во спектакуларната театарска претстава на 5+ Фамилија, насловена „НЕОБИЧЕН ДЕН“.

Детскиот свет е фантастичен, измислен, полн со игри и секојдневно осознавање. Замисли си да имаш временска машина и да патуваш напред и назад во времето. Што мислиш, што е она кое ќе „ги поправи грешките од минатото“ и ќе ја спаси иднината на светот, а се наоѓа токму овде, во сегашноста? Тоа се љубовта и другарството. Нашите веќе одамна блиски 5+ Фамилија: Петко, Лина, Лука, Алек, Цвајштајн, Лиз и Џими, уште еднаш ни потврдуваат дека во тој детски свет не постои нешто што е несовладливо, сè е можно и ништо не ѝ е далечно и непознато на детската имагинација и на детското срце.


Но, понекогаш треба да се отпатува далеку за да се сфати дека сѐ што е потребно е тука, до нас и во нас. Волшебна, неверојатна, возбудлива претстава која ќе ве однесе на едно чудно патување за да сфатиме дека иднината зависи од тоа колку љубов имаме и даваме во сегашноста.

Билети на: https://mnt.mk/online/index.php?id=545 или директно во билетарницата на МНТ


Претставата е наменета за деца над 5 години, а се препорачува за деца од 7 до 12 години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …