„Fame’s unplugged session“ во Café Literatura

На 17 февруари (сабота), од 12:30 до 13:45 часот, во Café Literatura (Дајмонд мол), љубителите на музиката и квалитетниот звук ќе имаат можност да уживаат во „ Fame’s unplugged session“, со оригинална оркестарска и музичка содржина, од млади музичари како и истакнати и докажани професионалци од различни земји од Европа.

FAME’S европскиот оркестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар којшто е создаден во рамките на компанијата FAME’S која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Организиран во Скопје, центарот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа и пред сѐ, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети (CREA-CULT-2021-PECE).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …