КОНТИНУИРАНА МЕГУНАРОДНА СОРАБОТКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП ЦЕНТАР

Согласно на своите програмски цели и задачи, посебно во делот на мегународните контакти како и работата со млади таленти, Стрип центарот на Македонија-Велес анимираше поголем број на млади таленти од државата за учество на отворени конкурси во земјите од соседството.
Како што извести Томе Трајков ,програм координаторот на СЦМ-Велес , продолжи успешната соработка со Стрип фестивалот во Ваљево, соседна Србија. Конкретно на 6-тото издание на оваа манифестација, повторно педагозите на Стрип центарот –Велес добија специјална награда за работа со млади категории.

This image has an empty alt attribute; its file name is strip-2.jpg
На овој конкурс , Специјална награда (колективно ) е доделена и на грантот „ЗА НАШИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ “ ,(тематски проект наменет за Ромите) во имплементација на Стрип центар на Македонија и Институтот за истражување и анализа на политики „РОМАЛИТИКО“ –Скопје .Истиот е поддржан од ПРОЕКТОТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ.


This image has an empty alt attribute; its file name is strip.jpg
Инаку наградата ГРАН ПРИ на овој конкурс ја доби Бојан Завишин со стрипот TRANSPYPYPIFICATION
Исто така, мегународната соработка се покажа и во анимирањето на млади таленти за учество на конкурсот на тема „МАЈКА ТЕРЕЗА “И „МИЛОСРДИЕ“организиран од страна на Здружението „КРАГИ“ од Приштина, Косово.Освен стрип, овој конкурс ги опфати и дисциплините КАРИКАТУРА и ЦРТЕЖ .Резултатите од овој конкурс ќе се објават наскоро.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден во 2018 година почина новинарот Љубомир Вељковиќ – Раф

Љубомир Вељковиќ – Раф е роден во Скопје во 1943 година. Тој беше истакнат македонски …