Идеално решение за да ги фотографирате најубавите моменти при патување

Поминавте денови во летање, возење, менување возови или можеби дури и комбинација од сè ова за да стигнете до вашата дестинација од соништата? И сега конечно сте тука, местото за кое отсекогаш сте сонувале, местото за кое сте раскажувале на пријателите, местото за кое со месеци им додевате на вашите колеги. Не сакате да пропуштите ниту еден момент, ниту еден спомен и секако уште долго, долго по враќањето ќе сакате да се навраќате на омилените моменти листајки ги сликите во вашиот телефон. Но, не секогаш она што го гледаме и на кое се восхитувамеуспеваме да го доловиме на слика. Не грижете се, овој пат тргнуваме подготвени. Наоружајте се со серијата SamsungGalaxyS23кои со својата извонредна камера ќе ве направат вистински професионалец и убаво проучете ги следниве неколку совети од професионални фотографии. И да, подгответе се дека за вашиот тајмлајн на Instagramдолго ќе се зборува.

Светлината е најважна – ловете ги златните и сините часови


Добрата светлина е можеби наједноставниот, но воедно најважниот елемент на кој треба да внимавате.Златниот час е оној магичен момент кога сонцето е ниско на небото и фрла заносен, топол сјај низ сцената која сте ја одбрале за сликање. Синиот час е кога сонцето е под хоризонтот, а небото добива бескрајно сина нијанса. Станете рано и останете надвор доцна за да го искористите максимумот од овие два магични моменти од денот. Ако не сте утринска личност, мала помош не е на одмет, затоа тука се SamsungGalaxyS23серијата. Нивниот сензор со висока резолуција и интелигентни пиксели ја апсорбираат светлината, за јасни фотки, во секое време.

Доловете живописни моменти


Најдобрите фотографии се оние кои ве враќаат во времето, будат емоција и дозволуваат да се изгубите во одредениот момент. Замислете секој пат кога ќе ја погледнете фотографијата да се чувствувате небаре повторно нуркате во тиркизните солени води или кампувате под ѕвезденото небо на планина. Водните површини секогаш најубаво изгледаат на пладне, кога синилото е најживописно. И секако не заборавајте да се движите, менувате агли, кадри, експериментирајте. Малку ветар, движење или едноставно вистинска композиција може да направат голема разлика. Токму затоа Samsung Galaxy S23серијата, имаат широкоаголната камера од 50 MP оди рака под рака со моќен чип, брзо комбинирање кадри за да извлече делчиња од сите во една фотографија со висока резолуција. На ова додај ја и технологијата за подобрување на деталите и добиваш толку добар квалитет, што ќе продолжиш да зумираш уште повеќе.

Повеќе светлина во ноќта


Откако сонцето ќе зајде и со пријателите ќе излезеш „на пијачка“ или две, подготви се за галерија полна со неверојатни ноќни фотографии што секој би ги посакал. Подобрената вештачка интелигенција на Nightography јасно ги доловува деталите, така што фотографиите и видеата направени на слаба светлина ќе бидат светли и полни со бои, од утро до мрак.

Технологијата на двоен пиксел на предната камера се фокусира побрзо и попрецизно, дури и на слаба светлина. Вештачката интелигенција што се базира на предмети им дава автентични бои на селфи фотографиите, исти како во реалноста.Фотографиите не се единствените што доминираат во темното, тука се и јасните ноќни видеа. Сега, дури и предната камера може јасно да снима клипови од тебе и твоите пријатели откако ќе зајде сонцето.

Стани ѕвезда на снимањето

Кога станува збор за неверојатни фотографии во оние повеќе романтичните и слатки моменти, твори ја опцијата Expert RAW за да доловиш RAW формат во висока резолуција, за светли фотографии богати со детали.Потоа, погледни во ѕвездите додека камерата привлекува светлина за да ги сними соѕвездијата и планетите со неверојатна чистота.

Емоција и спонтаност

Пред да пристигнете на вашата дестинација од соништата, поминете неколку часа планирајќи ја вашата листа со места што сакате да ги фотографирате. Мало истражување не е на одмет. Може да добиете инспирација од Instagram, Pinterest, туристички водичи, списанија и блогови. Мапирајте ги омилените локации кои сакате да ги овековечите и испланирајте кој дел од денот е оптимален за да го извадите најдоброто од кадарот. Но, сепак во галеријата ви влетала некоја спонтана и незгодна фотка од возбудлив момент? Не грижете се, SamsungS23серијатаимаат опција PhotoEnhancerза да ги подобриш темните заматени слики, па дури и подобри го квалитетот на старите слики од детството или пак, некои слики што ќе ги избереш онлајн. Сега можеш да преправаш нејасни GIF-ови, да го намалиш шумот и да ја подобриш чистотата за посвеж изглед на сликите.Чувајте го вашите уреди од SamsungGalaxyS23серијата при рака и не плашете се да правите искрени фотографии во од.

Композиција

Веројатно сте слушнале за тоа колку е важно правилно да се состави кадарот, и се обложувам дека ако некогаш сте прочитале прирачник за фотографија, ќе наидете на „правилото на третини“. Добрата композиција може да биде разликата помеѓу просечната фотографија и наградуваните фотографии. Има секакви „правила“ кои теоретски прават фотографијата да изгледа поубаво, како на пример да не го ставате вашиот субјект на средината на фотографијата, да не сечете елементи надвор од кадарот, итн. Но, сега ајде да го разгледаме„Правилото за третини“. Концептот е следен – ја делите вашата слика на 9 еднакви квадрати. Следно? Субјектот и елементот на сликата распоредете го низ квадратите и линиите. Идејата зад правилото за третини е математичка илузија за она што нашите очи природно го сметаат за пријатно. Затоа, добра практика е да го вклучите овој метод во вашите снимки. Друга работа што треба да ја барате се водечките линии кои природно го привлекуваат вашето око околу фотографијата, како и различните агли и форми.

Нема повеќе двоумење – соврешениот избор за твоето патување се уредите од Galaxy S23 серијата!

За повеќе информации околу овој модел, посетете ја веб страната на Samsung:

Samsung Galaxy S23 & S23+:https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23/

Samsung Galaxy S23 Ultra https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …