Податоците за смртност во 11. земји покажуваат барем 28.000 смртни случаи повеќе во текот на минатиот месец отколку е наведено во официјалниот извештај, пишува Њујорк Тајмс.
Весникот наведува дека многу повеќе луѓе починале во март во тие земји отколку во претходните години. Вкупниот број на смртни случаи вклучува смрт од Ковид-19, како и смртни случаи од други болести, а веројатно и оние кои не можеле да се лекуваат затоа што болниците биле преполнети.
Овие бројки ја поткопуваат тезата дека многу луѓе кои починале од вирусот можеби ионака би умреле. На пример, во Париз има двојно повеќе смртни случаи секој ден отколку во сезоната на грип, а во Њујорк бројот на смртни случаи сега е четири пати поголем од вообичаеното.
Се разбира, податоците за смртни случаи среде пандемија се нецелосни, пренесува „Њујорк Тајмс“, во кој се наведува дека разликата помеѓу официјалниот број на починати и вкупниот број на починати, најверојатно,го рефлектира ограничено тестирање на коронавирус, отколку намерно намалување на бројките.
Сепак, вкупниот број на смртни случаи дава поцелосна слика за пандемијата, велат експертите, особено затоа што повеќето земји пријавуваат само смртни случаи од Ковид-19 во болниците.
„Без оглед кој број ќе се пријави во даден ден, тоа ќе биде потценување“, вели Тим Рифе, демограф од Институтот за демографски истражувања „Макс Планк“.
Тој посочува дека на многу места пандемијата трае доволно долго и дека има доволно време да се направат последователни извештаи за смртни случаи, што би дало поточна слика за стапката на смртност.
Разликите се особено големи во земјите кои се бавни за да се признае степенот на проблемот. Така, на пример, во Истанбул помеѓу 9. март и 12. април имало околу 2.100 смртни случаи повеќе од очекувањата, што е за двојно повеќе од смртните случаи на коронавирус, кои ги објавила владата во таа земја во тој период.
Зголемувањето на смртните случаи во средината на март укажува на тоа дека многу луѓе биле заразени во февруари, неколку недели пред Турција официјално да го признае својот прв случај на коронавирус.