Извештај на ИЈЗ: Во изминатите 7 дена за 14. проценти се намалени новозаразените од Ковид 19 но има од сите возрасни групи

Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела (n=11.910). Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31.01.2022 до 06.02. 2022г. ,тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела.


Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300; 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455, 24,6%) и 30-39г (n=2.004, 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312; 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.


Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени” се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела.
Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија започна вакцинацијата против COVID-19. Заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.


Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од од 31.01 – до 06.02.2022г, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„БИТОЛСКИ БЕЉОТЏИЈА“ – хуманитарен бељот турнир

Денеска со почеток во 10:30 часот, во барот Општина а во организација на РОТАРИ КЛУБ …