И’ Влатко Стефановски трио заедно со GIBONNI на „АLL YOU NEED IS LOVE 2018“ во Скопје!

Признаваме дека изјавата на „Авалон продукција“ – за да најголемата предновогодишна фешта биде што е можно поголема, се одлучивме пред настапот на хедлајнерот на фестивалот All You Need Is Love, GIBONNI, со свој целовечерен настап да го имаме и најголемиот балкански гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски заедно со своето трио“ е повеќе од ТОЧНА.


Бидејќи, кој ги гледал Џибо и Влатко заедно на сцена (на било која сцена на овие прстори) е непто специјално. Не само во свирачкиот виртуозитерт на Влатко, или емотивните изведби на Џибо – туку и на невидливата енергија која циркулира нмеѓу нив со што ан просутните им даваат незаборавно доживување.


Се разбира дека Влатко ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со Gibonni, но заедничка желба на организаторите и артистите била истата вечер да уживаме и со целовечерен настап на живата легенда Влатко Стефановски со неговиот бенд.
Како што веќе информиравме, влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда на 31-ви октомври, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и во Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 700 денари
ФАН ПИТ- 1000 денари
SILVER SEATS- 1000 денари
GOLDEN SEATS- 1200 денари
ВИП- 2000 денари


Во текот на наредната недела ќе бидат соопштени и уште две имиња коишто се многу битни кога се во прашање младите сили на македонскиот рокенрол што ќе ја отворат фестивалската вечер, пред да настапат ѕвездите на вечерта, Влатко Стефановски и Gibonni на овој предновогодишен настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …