(ФОТО) Глетка која го воодушевила светот: Претседателот на Финска предавањето на сопругата го слушал на скали и меѓу „обичните смртници“!

Претседателот на Финска, Саули Нинисто, овој месец отишол на саемот на книги во финскиот град Турк за да го слуша говорот на својата сопруга Јени Хауко.
Меѓутоа, немало слободни места, па претседателот седнал на скалите, а фотографијата на која тоа е забележано наскоро го обиколила светот.


Корисниците на социјалните мрежи биле воодушевени со неговиот гест, а многумина коментирале дека тоа е возможно само во Финска.
Претседателот на Твитер напипшал дека му било пријатно на скалите и дека имал можност во секој момент да стане и да си замине, но не го направил тоа со што порачал дека говорот на неговата сопруга бил многу интересен.


Медиумите порано пишувале дека претседателот на Финска во април оваа година бил во службена посета на Хрватска а дека дома се вратил со авионот на „лоу кост“ компанијата „Norvidžan“ како и дека седел во економската класа.


Според пишувањето на финските медиуми, Саули Нинисто инаку и’ патува со економска класа, но од Сплит до Хелсинки немал таква можност па патувал како и сите останати.
Инаку, претседателот на Финска, често, кога има желба да следи некој настан оди меѓу „обичниот народ“ и не носи обезбедување со себе, Така било и на еден спортски настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …