Хорор во Црна Гора: Голман на тренинг застрелан во глава!

Црногорскиот голман. Горан Ленац(33), кој синоќа бил застрелан во глава, на тренинг, после операцијата починал во болница
Ленац, кој бил без клуб, синоќа со пријател тренирал на теренот на второлигашот ФК Бокељ кога околу 19:30 часот му пришол непознат починител и го застрелал во глава. Напаѓачот, јавуваат црногорските медиуми, очигледно добро го познавал стадионот бидејќи теренот бил заграден со висока мрежа и точно знаел каде треба да избега.
Напаѓачот испукал уште неколку куршуми во воздух за да ги исплаши евентуалните сведоци и полицијата, која го блокирала Бокељ но сеуште не го фатила убиецот. Голманот бил префрлен во болница каде што бил опериран, но повредите биле претешки.
Наводно, Ленц немал проблеми и бил примерен спортист кој, секогаш кога можел,
им помагал на младите фудбалери.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …