Мексиканските картели не сакаат тв серии за себе: Убиен стручњак кој барал локации за „Наркоси“

Карлос Муњоз Портал (37) е убиен во Мексико додека барал локации за снимањена четвртата сезона на популарната серија „Наркос“ на Нетфликс. Карлоспронаоѓал локации за филмови како „Сикрио“, „Брзи и жестоки“…
„Карлос Муњоз Портал беше почитуван стручњак за локаии и на овој начин гоизрзуваме сочуството на неговото смеејство. Точните околности на неговата смрт се уште не се познати. Полициската истрага е во тек“ рекле од Нетфликс.
Телото на Карлос било изрешетано со куршуми, а заедно со автомобилот билпронајден во зафрлен дел во близина на гратчето Хидалго.Само во јули во тој дел од државата биле пријавени 182. случаи на убиство и се смета за најопасен дел во Мексико.
Според пишувањето на локалните медиуми, полицијата има потешкотии со решавање на убиството бидејќи немало сведоци.
Четвртата сезона на серијата „Наркос“ ќе се бави со потеклото на ноторниот картел Хуарез, како што третата сезона се бавела со колубискиот картел Калија. Првите две сезони се бавеле со „кралот на кокаинот“, Пабло Ескобар.


Posted by Carlos Muñoz Portal on Dienstag, 2. Mai 2017

 


Сеуште не е познато дали снимањето сепак ќе се одржи во Мексико, или продукцијата ќе се префли во Колумбија, каде биле снимени досегашните три сезони.
Карлос наоѓал локации за многу високобуџетни холивудски филмови како „Брзи и жестоки“, „Апокалипто“, „Сикарио“ и „Спектра“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворен повик за учество во работилница „Вовед во сценска костимографија“

Во рамки на годишната програма, КСП Центар- Јадро организира работилница за сценска костимографија во текот …