„Алфаскоп“: Нова контактно – забавно – информативна програма

Во пресрет на локалните избори контактна дневна емисија и на Алфа телевизија.

Отворената програма во стил на емисиите кои одеа на Алфа изминатите години, го менува името и од сега ќе се вика “Алфаскоп”. Термините на емитување се од понеделник до петок со почеток од 11.30 часот претпладне до 16. часот.
Забавно контактната редакција заедно со информативната на Алфа ќе презентираат се’ што се случува на културно забавната и дневната политичка сцена во Македонија. Друштво на познатите водители на Алфа, ќе им прави и Лазар Темелков кој во телевизијата се враќа после отсуство од четири години.
Потребата за внесување на политика во овој дел од програмскиот појас е поради локалните избори кои следат, а се’ со цел гледачите да се информираат, да го кажат своето мислење и сами да пресудат кој е тој што ќе одлучува за квалитетот на животот во местото каде живеат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …