Фотографија стара 53. години и понатаму ја интригира јавноста: Зад неа е неверојатна приказна

ФОТОГРАФИЈАТА „Бакнеж на животот“ е снимена во 1967. година.Ја забележал фотографот Роко Морабито а го покажува електричарот Ј. Д. Томпсон како му дава дишење „уста на уста“ на својот колега Рандал Г. Шампион, кој се онесвестил затоа што случајно допрел високонапонска жица.
Двајцата правеа рутинско одржување на електричната мрежа, кога Шампион ја допрел жицата. Бидејќи имал сигурносен појас околу себе, тој не паднал од столбот, туку останал да виси.
Томпсон, кој бил под него, брзо се искачил и почна да му дава дишење „уста од уста“. Поради околностите во кои се нашле, не можел да го оживува, но дишењето уста од уста помогнало. Се појавил пулсот на Рандал и тој почнал да дише. Тој го одврзал безбедносниот ремен и го спуштил од столбот, а брзао пристигнала и брза помош на местото на настанот.
Благодарение на брзата реакција на колегата, Шампион живеел уште 35 години. Починал во 2002. година на 64-годишна возраст. Томпсон е сè уште жив денес.


Морабито се возел по улицата кога го видел Шампион како виси од столб. Тој повикал брза помош и ја зграпчил камерата.
Една година подоцна, тој ја освоил Пулицеровата награда за оваа фотографија, која беше објавена во весниците низ целиот свет.
Морабито работеше 42. години за Jacksonville Journal. Се пензионирал во 1982. година, а почина. во 2009. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …