(ФОТО) Ѕвезда на „Чернобил“: Вујко ми умре од последици од катастрофата!

Роберт имал 47. години кога починал, а пред смртта на своето семејство му рекол дека неговата болест е предизвикана од Чернобил. Алекс за улогата во серијата го инспирирал токму животот на неговиот вујко.



Алекс Фернс (50) во серијата „Чернобил го глуми работникот Глукхов, а и самиот во семејството имал случај на болест предизвикана со чернбобилската катастрофа. Имено, вујко му на Алекс, Роберт Стефенсон починал од последиците од изложеноста на отровниот дожд кој го поредизвикала нуклеарната катастрофа, пренесува The Sun.
Роберт имал 47. години кога починал, а пред смртта на семејството му рекол дека неговата болест е предизвикана од Чернобил. Алекс за улогата во серијата го инспирирал токму животот на неговиот вујко. Инаку, фернс глуми водач на рударите кои работат во опасни услови.


„Чернобил има тешка приказна, особено за мене. Мојот вујко Роберт работеше за шкотска комунална фирма за обезбедување со вода. Кога се случила катастрофата во Чернобил, отровни дождови паѓале и во Шкотска. Мојот вујко и неговите колеги работеле на отворено, а кога почнал дождот, посакале да влезат внатре, но нивниот шеф им рекол да останат надвор и да продолжат со работата“, раскажал тој. Никој од колегите на вујко му не го доживеал 50. роденден.



„Сите умреа од рак. Мислам дека е тоа еб**а трагедија. Тоа докажува дека последиците на Чернобил се далеку посложени отколку што гледаме во серијата. За мене тоа е лично. Секако дека не можеме да бидете 100. отсто сигурни дека добил рак токму од чернобилскиот дожд, но моето семејство и јас сме сигурни дека е“, вели Алекс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …