Модниот класик ова лето е во посебен фокус.
Иако белата кошула никогаш и’ нема да излезе од мода, оваа сезона од типично деловно парче станала и омилена облека за на плажа која модните икони почнале да ја комбинираат со костум за капење.
Оваа вредна комбинација изгледа неочекувано добро и многу секси и е многу паметен избор за летните горештини.
Белата боја најмалку впива сончеви зраци, а кошула со долги ракави одлично ве штити од штетните УВ зрачења и ја чува вашата кожа.
Освен на плажа, белата кошула е идеален избор и за одење на работа преку лето, но и за прошетка по градот бидејќи искомбинирана со фармерки и рамни сандали или патики може да делува многу лежерно.
Секако, тука е и за посебни пригоди, а одлично се вклопува и во потполно белите изданија кои секое лето гарантираат елеганција.
Покрај се наведено не е тешко да се зклучи дека белата кошула е најсестрано летно парче кое можете да го имате во орманот а секогаш можете да ја позајмите од тато, дечкото или братот.