(ФОТО) Убавата професорка го „откачила“ Бред Пит поради овој милијардер!

Убавата израелска архитектка и професорка на универзитетот МИТ, Нери Оксман, ако може да им се верува на странските медиуми, потполно го освоила Бред Пит (54). Но, за негова жал тој не ја освоил неа.


Минатиот викенд, во Париз, папараците ја снимиле Нери во друштво на нејзиниот дечко, милијардерот Бил Акман (52). Убавата професорка го бодрела својот дечко на тенискиот турнир Finance Cup, во кој, како што и самиот наслов кажува, се натпреваруваат финансиери.Парот, според приказните бил многу близок.


„Бил победи на турнирот, но ја освои и девојката. Бред ќе мора да ја зајакне својата игра и својата едукација ако сака да освои така импресивна и интелектуална жена“ рекол извор за Рage Six.


Друг извор пред два месеци раскажал дека Бред и Нери се восхитени еден со друг.
„Веднаш кликнаа бидејќи делат иста страст кон архитектура,дизајн и уметност. Тоа е најдобро да се опише како професионално пријателство“ рекол изворот, додавајќи дека Бред сака со Нери да минува што повеќе време бидејќи му е фасцинантна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …