(ФОТО) Трагедија на познатата тенисерка: Бившиот сопруг ги убил двете деца на спиење а потоа си пресудил и самиот!

Пред четири дена, Стефани Рајс, поранешна американска професионална тенисерка, добила повик од кој се плаши секој родител. Нејзините две деца, Харисон (15) и Шелби (13) не се појавиле на училиште.
Откако не можела на трелефон да ги добие ниту нејзините деца ниту поранешниот сопруг Мајкл Хан, таа се одвезла во куќата на Хан во Сионвил, Индијана, но вратата била заклучена и никој не одговорал.
Таа знаела дека нешто не е во ред, па повикала полиција. 
Полицијата влегла во куќата околу 10.30 часот и ги нашле Шелби и Харис во нивните кревети, смртоносно повредени, а Хан мртов.


Gepostet von Stephanie Reece am Freitag, 10. Januar 2014

Полицијата верува дека Хан ги убил своите деца додека спиеле пред да ја крене раката кон себе. 
“Не можам ни да замислам да одземам мечиј живот, а камоли да ги убијам моите деца”, рекол Буне Мајк Нилсен, шеф на полицијата.
 “Тоа е нечуено. Јасно е дека некој не бил целосно свој кога го повлекол тој окинувач”, додал тој.
Нилсен вели дека ниту еден сосед во селската заедница не слушнал пукање.


Gepostet von Stephanie Reece am Donnerstag, 26. Juli 2018


“Не е воообичаено во нашата рурална област да слушнеме пукањето, но никој не слушнал ништо”, вели тој.
 Нилсен, кој одбил да коментира дали е пронајдено проштално писмо на местото на настанот, вели дека иследниците ја продолжуваат истрагата и бараат можен мотив за убиство и самоубиство.
 “Ќе се обидеме да дознаеме дали мотивите зад овој криминал се во фамилијарната историја или разводот и да дознаеме што точно се случило”, рекол Нилсен.
Тој напоменал дека апрот имал двојно старателство над нивните две деца и дека разводот изгледал релативно пријателски.
„Колку што разбрав, немало драма поврзана со разводот, тие можеле да работат заедно, и тие биле неодамна видени на еден тениски меч”, вели тој.
“Немаше ништо да се покаже дека ова ќе се случи. Тие го поминаа разводот што се случил во ноември 2017. година, најдобро што можело обидувајќи се да ги жат децата вон сè.”
Можеби никогаш нема да дознаеме што го натерало да ги убие своите деца, додал Нилсен.
 Според извештаите во медиумите, Рис и Хан неодамна минале низ потешкотии врзани за старателството над децата. 
Во барањето што го поднесла во декември, Рис побарала на Хан да му се скрати времето што го поминува со деца и секој месец да биде тестиран за нивото на алкохол во крвта, на што подоцна се согласил.
Таа, исто така, поднела жалба во август, жалејќи се дека Хан не плаќа алиментација.
Нилсен вели дека самоубиството и убиствата не само што ја погодиле заедницата, туку и полицијата. 
“Ова е голема трагедија за оваа заедница и ужасно е што моите полицајци мораа да го видат ова, сцената што ја нашле ќе ги следи низ целиот живот”, рекол Нилсен. 
Погребот е закажан за четврток.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …