(ФОТО) Таткото на голема холивудска ѕвезда бил платен убиец и живеел во затвор!

Холивудскиот глумец, Вуди Харелсон (57), кога имал само седум години останал без татко. Имено, Чарлс Харелсон поголемиот дел од својот живот го минал во затвор. Малку луѓе знаат дека таткото на славниот глумец бил платен убиец.


Прво убил тексашки дилер поради што бил осуден на 15. години затвор, но успеал да се извлече веќе во 1978. година. Но, не останал долго на слобода. Веќе наредната година тексашкиот нарко бос Џими Чагра му платил 250.000 долари да го убие судијата Џон. Е. Вуд, познат по тоа што на дилерите им досудувал доживотни казни затвор.


На 29. мај 1979. година Чарлс и тоа го направил. Со еден истрел во главата го убил судијата од автоматска пушка, пред неговиот дом во Сан Антонио. Тоа било прв пат во историјата на Америка декој да извршил атентат на федерален судија.


Кога ФБИ го фатиле Чарлс ја негирал вината, но сепак во 1981. година е осуден на две доживотни казни затвор.
Малечкиот Вуди немал поим кој е неговиот татко. Кога во една пригода го слушнал неговото име на радиото за време на извештај од судење, ја прашал својата мајка дали имаат врска со тој човек, а мајка му му открила дека тоа е неговиот татко, открил актерот во интервју за Guardian.
Кога имал 20. години посакал да ја обнови врската со својот татко, а подоцна дури и се обидел да му обезбеди ново судење.

„Со години се обидував да го извлечам, да му осигурам ново судење. Не знам дали го заслужил тоа. Бев само син кој сака да му помогне на својот татко. На адвокати потрошив два милиони долари“, раскажал Вуди.
Но, тоа не му успаело а неговиот татко умрел во затвор во 2007. година, од срцев удар.
Вуди никогаш не се срамел од него, туку отворено признал дека тие двајца доста добро се согласувале и дека многу од неговиот татко гледа во себе.

„Добро се согласувавме, иако баш и не можевме да одиме на пиво, па беше тешко. Гледам доста него во себе, цртите на лицето, начинот на кој се смееше…Јас сум роден на неговиот роденден. Во Јапонија веруваат дека ако си роден на роденден на својот татко ти не си му само сличен, туку ти си тој. Секогаш ми беше чудно да седнам и разговарам со него бидејќи и самиот видов колку сличности имаме“, рекол Вуди.

Screenshot: Youtube/Huston Police Department

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …